Македонија

Вработените на ТВ Нова бараат помош и итен стечај заради исплата на 7 заостанати плати

43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова, покренaa претстечајна постапка поради неисплатени 7 плати, односно од октомври наваму.

,,Во моментот бараме законска заштита, но во интерес на процесот не можаеме да дадеме повеќе детали. Се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права. Досега неколку пати во Телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар“-велат дел од вработените за АКО.мк.

Вработените велат дека се соочуваат со страшни притисоци и уцени. Добиваат уцени или да потпишат спогодбен отказ или да работат без пари. Неколку вработени се одјавени без воопшто и да бидат известени за тоа.

,,Вчудовидени сме што сите велат дека имаме право, но работничките права се само на хартија и покрај тоа што ги запазуваме сите законски процедури. Сето ова е дополнителен финансиски трошок за вработените кои 7 месеци немаат земено плата . Трудовата инспекција констатираше неисплаќање на платите. УЈП исто така направила контрола и е констатирано истото“- информираат вработените.
Тие бараат итен стечај на ТВ Нова.

,,Како вработени со најмалку три неисплатени плати имаме право да бараме покренување стечај. Подготвени сме дури и покренувањето на стечајната постапка сами го платиме“-велат вработените и додаваат:

,,Само да заврши оваа седуммесечна агонија. Толку месеци сме без плата, па уште и самите си ја плаќаме целата постапка за истерување на правдата. Ќе одиме до крај за исплата на нашите плати и придонеси“-велат тие.

,,Ова е уште еден пример на злоупотреба на вработените од страна на сопственикот. Време е државата да покаже дека ги штити работниците , и тоа не само на хартија, туку и на дело“- бараат вработените во ТВ Нова, чиј сопственик Саед Кочан се соочува со правдата заради злоупотреба на службена положба.

Поврзани вести

Back to top button