Избор на уредникотСвет

Вработена во хотел си ја побарала последната плата пред да даде отказ, сопственикот ја нападнал

Бројни здруженија од Мостар, Коњиќ, Јабланица и Сараевo најавија масовни протести. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“ која беше физички нападната од сопственикот на хотелот Амир Џафиќ, но и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на насилство, пишува Кликс.

Eниса Клепо си ја побарала последната плата бидејќи планирала да даде отказ од работа, но наместо да ѝ биде исплатена, за жал доживеала брутален напад. Конфликтот со сопственикот и неговата сопруга претходно бил од вербален карактер, а кулминирал со повредите на главата кои ги здобила Ениса.

Она што дополнително ја разбранува јавноста е одлуката на Обвинителството дека по 48-часовното полициско задржување на Амир Џафиќ, тој ќе биде ослободен, со образложение дека „нема правни причини за предлагање притвор“.

Градоначалникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ, најостро го осуди овој инцидент и истакна дека секоја соработка со хотелот „Јабланица“ и неговиот сопственик ќе биде темелно разгледана во наредниот период. Критикувајќи ги постапките на сопственикот, Шабановиќ нагласи дека покрај тоа што не се грижи за правата на работниците, Амир Џафиќ покажува и тенденции на физичко насилство кон нив.

Здруженијата и граѓаните велат дека овој и слични случаи сакаат да го посочат со мирни протести и дека нема да се откажат додека насилството врз работниците и жените не биде казнето како што заслужува.

Поврзани вести

Back to top button