Свет

Вознемирувачко видео: Линчување на млада Авганистанка лажно обвинета дека го запалила Куранот

Снимката од линчувањето на 27-годишната Авганистанка што беше убиена од страна на толпата која ја каменуваше, а пред тоа ја измачуваше со ножеви, може да се види на Јутјуб.

За нејзината смрт властите во Авганистан обвинија повеќе од 40 лица, а снимката што е направена со мобилен телефон, наводно на интернет ја поставиле нејзините убијци.

Фаркхуда Маликзади беше убиена во март годинава поради лажни обвиненија дека го запалила Куранот. Но, истрагата на авганистанските власти дојде до заклучокот дека нема никаков доказа за спалување на Куранот.

Според тврдењето на нејзиното семејство девојката била многу религиозна и се подготвувала да оди на теолошкиот факултет во Кабул. Фаркхунда беше обвинета за спалување на Куранот од страна на продавач на талисмани во центарот на Кабул откако таа искоментирала дека со продажбата ги мами купувачите и дека тој всушност е криумчар на виагра и кондоми.

Тој во напад на гнев лажно ја обвинил за злосторство што во Авганистан се третира како мошне сериозно. Меѓу осудените на смрт за бруталниот напад врз девојката е и продавачот што лажно ја обвинил.

Поврзани вести

Back to top button