Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО: Околу 1000 девојчиња во Велика Британија трпат последици поради ужасен обичај „пеглање гради“

Околу 1000 девојчиња во Велика Британија трпат последици поради ужасен обичај „пеглање гради“, предупредила владата на оваа земја. Во рамките на бруталната процедура, девојчињата со топли камења или чекан ги маваат по градите, со цел да го спречат растот на дојките на девојчињата. Односно, да бидат помалку пожелни и со тоа да спречат да забременат пред бракот.

ritual2

Обичајот за „пеглање гради“ доаѓа од Камерун, каде секоја четврта девојка е жртва, но постои и во Нигерија, Бенин и Чад. Конзервативниот член на парламентот Џејк Бери минатата недела изјавил дека се шокирал кога дознал дека девојките од западноафричките заедници во Бирмингем и Лондон се жртви на овој суров обичај, за кој е многу тешко да му се влезе во трага, бидејќи најчесто извршителе се нивните мајки. Бери истакнал дека службите за заштита на децата и полицијата многу малку знаат за оваа пракса, бидејќи не знаат дека постои но и не можат да ги препознаат знаците.

rotial3

Според него, девојчиња од сам одесет години се присилени да издржуваат незамислива болка и мачење и изложени се на ризик од здравствени проблеми, вклучувајќи рак, инфекција и цисти. – Топлите камења или чеканот се користат два пати дневно, неколку недели за да се запре, забави или понекогаш трајно уништи природното развивање на дојките, изјавил тој.

Културата, традицијата и верата често се користат како оправдување. Маргарет Њујџевира, основач на организацијата „Развој на жените и девојчињата“ потврдила за „New day“ дека таква пракса постои и во Британија.

Поврзани вести

Back to top button