Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+18: Десетици загинати и повредени во напад на арапската коалиција во северен Јемен

Најмалку 65 луѓе загинаа, а 55 се повредени во два воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пазар во градот Мастаба, северен Јемен, јави државната агенција САБА.

САБА е под контрола на шиитските бунтовници Хути, кои го контролираат бомбардираниот реон во Јемен.

foto1

Според јеменските здравствени власти при нападот загинале 41 лица, а повредени се 75.

Арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија сака да ги порази Хутите и да ја вратат власта на соборената сунитска власт во Јемен.

foto2

Во близина на пазарот во Мастаба нема воени објекти.

Мастаба е во провинцијата Хаџа, која е под контрола на Хутите од септември 2014 година.

foto3

Поврзани вести

Back to top button