Македонија

Возачот што ја прегази Фросина вели дека поминал на зелено

Не сум виновен, јас поминав на зелено светло на семафорот, изјави денеска пред судот Љубомир Видојковиќ, во своја одбрана, кој лани во април ја прегази студентката Фросина Цековска на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, спроти Архитектонскиот факултет во Скопје, пишува  Плусинфо.мк.

Обвинителството во воведниот говор нагласи дека тој е возачот на „хондата“ со која беше прегазена младара девојка и дека тој имал 1,23 промил алкохол во крвта.

Основното јавно обвинителство бара осудителна пресуда, а бранителот на осомничениот вели дека оти Видојковиќ поминал на зелено светло има видео снимки, но тие не ги добиле од безбедносните камери.

Семејството на Фросина, во текот на истражната постапка неколкупати јавно изрази сомнеж дека постапката се води во вистинска насока и против вистинскиот, како што рекоа, убиец на нивната ќерка, денеска ги повтори истите сомнежи.

Поврзани вести

Back to top button