Избор на уредникотМакедонија
Воз со околу 150 патници излета од шините кај Кадина Река
Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.
Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници, пишува Плус Инфо.
– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица, изјавија од Македонски Железници-Транспорт.