„Вонземската мегаструктура“ ги збуни научниците!
Некои астрономи се уверени дека во нашата галаксија постои огромна структура направена од вонземјани за да собираат енергија од една ѕвезда. Станува збор за ѕвездата KIC 8462852 која може да се каже дека се однесува чудно.
Нејзината светлост трепери поинаку од сите други ѕвезди, па гледано од Земјата изгледа дека околу неа кружи некој гигантски објект.
Новата студија која се уште не е објавена, говори дека во некои периоди светлината што ја емитува ѕвездата опаднала за 20 проценти.
„Она што најмногу ме изненади, беше тоа колку брзо и колку нерамномерно беше тоа намалување. Поминавме многу време во обид да се убедиме дека има некаква грешка во нашите податоци. На крајот не успевме да најдеме грешка“ – вели водачот на студијата Бен Моне.
Чудната ѕвезда за прв пат е забележана во 19 век, што значи дека научниците имале многу време да го следат нејзиното однесување.
Едно од објаснувањата за овој феномен, е дека околу ѕвездата има остатоци од некоја планета кои ја покриваат нејзината светлина, а постои и теорија дека околу ѕвездата се наоѓа огромна структура која е наменета за собирање на нејзината енергија.