Избор на уредникотМакедонија

Волкановски ја одбрани светската шампионска титулата, тензично соочување со следниот предизвикувач: Ќе го разнесам! (ВИДЕО)

Во главната борба на настанот УФЦ 290 што се одржа ноќта меѓу саботата и неделата во Лас Вегас, Австралиецот со македонски корени, Александар Волкановски во третата рунда со технички нокаут го победи мексиканскиот борец Јаир Родригез. Волкановски петти пат по ред успешно го одбрани појасот во перо категорија.

Волкановски и покрај тоа што во мечот влезе со повреда на раката, не дозволи изненадување. Се наметна како подобра борец од почетокот, а во третата рунда го нокаутираше противникот.

По мечот Волкановски најави нова борба до крајот на годината, а противник според негова желба би бил досега непоразениот Грузиец Илија Топурија.

Со Илија Топурија, Волкановски очигледно има „нерасчистени сметки“ и кои најверојатно ќе сака да ги реши пред да повторно да скокне во лесна категорија и да побара реванш со Махачев.

– Јас одам по сите рекорди, само небото е граница за мене. Перо или лесна категорија? Ќе мора да размислам, но најпрво ќе направам мала операција на раката. После тоа, мислам дека ќе имам уште една борба оваа година. Илија Топурија зборува премногу, ќе одам по него и ќе го разнесам, порача Волкановски.

Поврзани вести

Back to top button