Македонија

Војводи до Пендаровски: Дали сте свесни колку македонска кpв е пролеана изминативе години

По најавата на претедателот Пендаровски дека ќе ги помирува навивачките групи, после Комити и Војводи со соопштение се обратија до претседателот.

Тетовските „Војводи“ порачаа дека ниту тие не ја признаваат Северна Македонија и го прашаа Пендаровски дали знае навивачката група на „Шверцери“ за кого ќе навиваат на следниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Косово.

– Во текот на вчерашниот ден, ние како навивачка група бевме исконтактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, и бевме поканети на заедничка средба со други навивачки групи од Македонија.

И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме ???

Дали сте свесни колку македонска кpв е пролеана изминативе години ? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со твpди предмети, Hoжеви и слично? Paните од yбиcтвото на Саздо се сеуште свежи…

Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска… Ние како навивачка група Војводи имаме свои КОДЕКСИ и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив

– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија

– Ние се бориме за унитарна Македонија

– Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме

– Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари

П.С. И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!”, напишаа од навивачката група на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button