Водачот на бандата „Пинк Пантер“ бил убиен бидејќи не сакал да прими ислам?
Пријателите на Борко Илинчиќ (35), член на криминалната група „Пинк Пантер“, тврдат дека тој извршил самоубиство во ќелијата во затвор во Дубаи бидејќи не можел да ја издржи тортурата од затвореници муслимани.
Наводно, тие го терале да ја прими исламската религија, а тој се противел.
Борко беше пронајден мртов на 2 јануари. Според официјалното соопштение, починал во сон, од инфаркт.
Во затворот во кој се наоѓал тој мнозинството затвореници се од друга вероисповед.
– Тие стриктно се придржуваа до правилата што верата им ги наложува, а го тераа и Борко да се моли по пет пати на ден. Тој никако не сакаше. Беше под страшна тортура и мислиме дека крена рака на себе. Немаше никакви здравствени проблеми – раскажуваат пријателите.
Неговото семејство побара обдукција.