Водач на меѓународен наркокартел фатен во Истанбул (ВИДЕО)
Водачот на меѓународен наркокартел Сами Али по кого трагаа германските власти со црвена потерница на Интерпол, е уапсен во Истанбул. Ова го соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот налог на мрежата „Икс“. Тој е уапсен во рамките на акцијата „Картел-4“ спроведена заеднички од дирекциите за борба против нарко-криминалот, разузнавањето и нелегалниот сообраќај и граничните пунктови на Генералната дирекција за безбедност на подрачјето на Ускудар, каде се криел.
Според билтенот на Интерпол, тој бил баран од германските власти за нелегална трговија со дрога, трансфер на дрога, организирање магацини за дрога, финансирање на трговија со дрога.
Трговецот со дрога ќе биде предаден на германските власти, додаде турскиот министер за внатрешни работи, кој им се заблагодари на полицајците кои ја спроведоа операцијата.
🟥 Almanya tarafından çıkartılan İnterpol Kırmızı Bülteniyle “Uyuşturucu Madde Ticareti” suçundan uluslararası seviyede aranan Uyuşturucu Madde Kartelinin elebaşlarından SAMMY ALI İstanbul’da yapılan “KARTEL-4” operasyonuyla yakalandı❗️
Milletimizin Bilmesini İsterim ki;
Hangi… pic.twitter.com/sWU4v5Urji— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) January 16, 2024