Македонија
ВО ЖИВО: „Во Македонија на македонски“, смрт на фажизмот извикуваат демонстранти пред Собранието
Пред Собранието на протест се собираат граѓани во пресрет на закажаната седница на која се очекува да биде ставен на гласање Законот за употреба на јазиците.
Демонстрантите се против донесување на законот и извикуваат „Во Македонија на македонски“.
Со клетви и закани дека крв ќе се лее, прашувајќи ги пратениците дали им е срам за Законот за јазици, предмалку почна протестот пред Собранието.
Граѓани кои ја блокираа улицата пред Парламентот изјавуваат дека не сакаат федерализација, Македонија бил нивниот дом, и порачуваат „смрт на фашизмот“.
Може да се забележи засилено полициско обезбедување околу собраниската зграда.
Видеото е на Радио Слободна Европа.