Во Србија разбиена меѓународна мрежа за трговја со дрога
Објавено:
понеделник, 7 декември 2015 во 11:22
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека вработените во Службата за борба против организираниот криминал разбиле уште една голема меѓународна мрежа за трговија со дрога.
Мрежата е разбиена откако на граничниот премин Градина, на границата со Бугарија во камион со регистарски таблички од Нови Пазар се пронајдени 16,13 килограми хероин.
Стефановиќ истакна дека тоа е една од најголемите количини дрога, запленети на територијата на Република Србија.
Полицијата уапсила двајца жители на Нови Пазар на 29 и 35 години. Се претпоставува дека тие се дел од организирана криминална група, која се занимава со трговија на дрога од Турција во Србија.