Избор на уредникотМакедонија

Во потера по педофил скокнал од 13. кат, преживеал и го фатил

Полицаец скокнал од 13. Кат за да фати осомничен педофил – не само што не загинал, туку успеал и да го фати бегалецот.

Вишиот службеник Бактјиџан Бакиров учествувал во апсењето на маж кој влегол незаконски во стан во најголемиот казахстански град Алмати, украл големо количестов пари и сексуално нападнал 15-годишно девојче.

Бариков се претставил како водоинсталатер за да влезе во најмениот стан на осомничениот на 13. Кат во станбена зграда. Меѓутоа, осомничениот во еден момент почувствувал дека нешто не е како што треба, па во очајнички обид за бегство скокнал од прозорец.

Иако скокот  од речиси 30 метри височина бил практично самоубиствен потег, полицаецот без колебање скокнал по осомничениот.

„ИМАВ САМО ЕДНА МИСЛА ВО ГЛАВАТА – МОРАМ ДА ГО ФАТАМ! НЕ РАЗМИСЛУВАВ ЗА НИШТО ДРУГО. НЕ НИ СФАТИВ ДЕКА СКОКНАВ, АМА НЕМАШЕ СТРАВ, РАСКАЖАЛ БАКИРОВ.

Тој, за среќа, паднал на терасата што се наоѓала два ката подолу. Кога скокла не знаел дека одоздола има тераса.

Полицаецот признал дека се исплашил дури откако сето тоа завршило, бидејќи постоела реалана можно осомничениот да се убие, за да не одговара за своите злодела.

Сепак, фаќањето на педофилот му било важно на Бакиров, кој и самиот е татко на три деца.

Полицаецот е награден со медал по овој потфат. Веќе поминал три операции на повреденото стапало, а лекарите даваат оптимистична прогноза.

„Велат дека наскоро повторно ќе трчам по криминалците, рекол Бакиров.

Извор:www.mirror.co.uk

Поврзани вести

Back to top button