Во оваа вила во Шпанија беше фатен албанскиот нарко бос Османи (ВИДЕО)
Во голема акција на Европол во Хрватска е уапсен Башким Османи, братот на Чазим Османи, додека неговиот татко и сопруга се уапсени на Мајорка, каде наводно често престојувале, пишуваат медиумите. Шпанската полиција објави и видео од рација во вилата на ова семејство, во која се пронајдени вредни автомобили, многу пари и бројни сефови.
На полициската снимка која ја објавија шпанските медиуми се гледа како полицајци упаднаа во луксузна вила со базен.
Oперативци влегуваат во една величествена куќа, ја пребаруваат, па дури и сечат сефови со дупчалки. На видеото се гледа голема сума пари, но и плантажа со марихуана, која била во посебна просторија. Покрај тоа, во вилата биле пронајдени и неколку екстремно скапи автомобили – јавуваат шпанските медиуми.
Да потсетиме, браќата Ќазим, Бурим, Беким и Башки Османи беа под истрага на Европол во акцијата „Црн орел“. Според медиумите, познато е дека тие со години живеат во Германија, од каде што го прошириле својот бизнис во Шпанија, Белгија, Холандија и други европски земји.
Парите заработени со криминал, наводно, подолго време се инвестирани во недвижнини и казина, а во албанските медиуми се претставени како моќни бизнисмени, кои ја финансирале ОВК и активностите на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова, пишува Економија онлајн.
Шпанските медиуми објавија дека Османи е осомничен за шверц на кокаин од Латинска Америка, кој продолжува да го дистрибуира низ Европа, а иако е уапсен во Хрватска, наскоро ќе биде екстрадиран во Шпанија.