Во Лазарополе најмногу снег, во Куманово најстудено
Во Лазарополе утрово се измерени 21 сантиметар снег, во Маврово 20, а во Пожаране 19 сантиметри. Како што соопшти УХМР, висината на снежната покривка во Тетово била 12 сентиметри, во Крушево девет, во Берово пет, во Скопје, Зајчев Рид четири, во Скопје, Петровец три и во Прилеп и Претор два сантиметра.
До седум часот наврнале 29 литри на метар вадратен воден талог во Дебар, 27 во Охрид, 18 Маврово, 15 Пожаране,11 Гевгелија, 10 Лазарополе, Тетово, 7 Виница, 5 Претор,Крушево, 4 Струмица, Прилеп, 3 Скопје З.Рид, Битола, Кр. Паланка, 2 Штип, Берово, 1Кавадарци, Пожар, Д. Капија,
Утрово било најстудено е во Ѓуриште и Куманово, минус 8 степени, Скопје, Пожаране, Берово, Скопје Петровец, Крива Паланка минус шест, Тетово минус пет, Пожар, Прилеп, Штип, Маврово и Тополчани минус четири, Кавадарци и Виница минус три, Струмица и Демир Капија минус два, Битола минус еден, Дебар, Претор, Крушево, Лазарополе и Гевгелија нула и Охрид еден степен.
Ова е книга за своето, за моето, за твоето и за нашето. Ова е потсетник за убавината на животот, запис за љубовта и за природата.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините од снег. Повеќе ќе бидат застапени во крајните западни делови на земјава, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Максималната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 7 степени.
Скопје претежно облачно, попладне со повремен дожди со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната т-ра ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.