Избор на уредникотСвет

Во Иран егзекутирани пет мажи поради силување, a кај нас добиваат пет години затвор

Иран денеска егзекутираше пет мажи прогласени за виновни за силување жена во мај минатата година. -Петмина мажи кои киднапираа и силуваа жена во мај 2022 година во градот Маранд (северозападен Иран) беа егзекутирани денеска, соопштија властите.

Мажите кои беа егзекутирани денеска, беа уапсени четири дена по силувањето.

На почетокот на јуни, невладината организација Амнести интернешенел соопшти дека 282 лица биле егзекутирани во Иран во 2023 година. Минатата година Исламската Република егзекутирала 582 лица – повеќе од која било друга земја освен Кина, соопштија неколку групи за права, вклучително и Амнести интернешенел.

На почетокот на минатиот месец, иранските власти егзекутираа тројца мажи прогласени за виновни за дрогирање и силување на околу десет жени кон крајот на 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button