Живот

Во човечкиот мозок можат да се сместат 4,7 милијарди книги

Капацитетот на човечкиот мозок е 10 пати поголем отколку што досега мислеа експертите и може да чува 4,7 милијарди книги, објави”Дејли телеграф”, повикувајќи се на американски научници.

Екипата на проф. Тери Сежновски од институтот за биолошки истражувања “Солк” во Калифорнија го измери капацитетот за складирање на информации на синапсите – мозочни врски кои ги задржуваат спомените. Се испостави дека во еден од синапсите може да се сместат грубо 4,7 битови информации. Тоа значи дека човечкиот мозок е со вкупен капацитет еден петабајти.

Ова сепак е вкупната количина информации кои во мозокот може да се сместат во даден момент. Вистинските архива од спомени е многу помал.

Поврзани вести

Back to top button