Во Чаир и Бутел македонски деца се бодат со ножеви, од ВМРО-ДПМНЕ најавија граѓанска непослушност па се заврши со прес (ВИДЕО)
Вчера во Бутел кај Зегин физички нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13-годишниот Никола од Бутел, обелоденува Дарко Костовски.
„Вечерва во Бутел, кај Зегин, физички е нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13 годишниот Никола од Бутел.
Никола според моите информации сега е во стабилна состојба. Но!
Јавно барам, веднаш, ама веднаш, градоначалникот Смилевски, командирот на ПС и сите други надлежни, да дадат се од себе таа група деликвенти и кукавици да бидат пронајдени, да се истакнат нивните идентитети и веднаш да се преземат сите законски мерки!
Во спротивно ќе следи голем граѓански протест со граѓанска непослушност“
„ЈАВНО БАРАМ ОДМА АМА ОДМА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СМИЛЕВСКИ, KOMAДИРОТ НА ПOЛИЦИCKATA СТАНИЦА И СИТЕ ОСТАНАТИ НAДЛEЖНИ ОДМА АМА ОДМА ДА ДАДАТ СЕ ОД СЕБЕ ОВАА ГРУПА НА ДEЛИKBEHTИ И KУKABИЦИ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ДА СЕ ИСТАКНАТ НИВНИТЕ ИДЕНТИТЕТИ И ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ СИТЕ ЗAKOHCKИ МЕРКИ, BEДHAШ !!!
ВО CПPOTBHO ЌЕ СЛЕДИ ГOЛEМ ПPOTECT СО ГРАЃАНСКА HEПOCЛУШHOCT !!!
ОВОЈ СЛУЧАЈ MOPA BEДHAШ ДА СЕ PEШИ“ !!!
И покрај тоа што од МВР се уште нема информации дали е уапсен терористот кој што прободе македонско дете од ВМРО-ДПМНЕ, не видовме, ниту протести ниту граѓанска непослушност иако сето тоа го најавија.
Гневот и стравот на Македонците кои живеаат во Чаир и Бутел е огромен, тие на социјалните мрежи коментираат дека нивните деца се секојдневно малтретирани, понижувани и навредувани од разно разни терористички банди и државата не превзема баш ништо за да ги заштити.