Избор на уредникотМакедонија
Внимавајте: Нова измама на интернет за продавање накит
Веќе некое време се појавуваат реклами со популарни имиња на продавници кои наводно ви ги нудат производите за само 123 денари, но тоа е измама, пренесува порталот скопјеинфо.мк. Откако се појавија рекламите за продажба на електронска опрема и слични производи, сега почна да се рекламира накит кој наводно го продава „Златарница pandora Македонија“, и тоа по цена од 123 денари.
Станува збор за обична измама и се предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на вакви работи.