Избор на уредникотМакедонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во Старата скопска чаршија урнат споменик на културата, се гради дивоградба
Во Старата скопска чаршија урнат објектот „Шар“ кој беше споменик на културата под заштита и на негово место се гради нов објект обвинија денес од ВМРО-ДПМНЕ.
– Објектот „Шар”, лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел, а во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги повикаа сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита.