Бизнис

Власта во Швајцарија ги моли граѓаните: Не плаќајте данок, имаме премногу пари!

Даночните обврзници во еден регион во Швајцарија се соочија со необично барање на даночните власти: ги молат да го одложат подмирувањето на сметките и тоа за понатака.

Имено, даночниците на кантонот Чуг (недалеку од Цирих) ги укинаа овластувањата за рано плаќање на данок и ги замолиле граѓаните што е можно подолго да го одложат плаќањето на нивните даночни обврски.

Во Швајцарија каматните стапки во банките се негативни, па кантнот Чуг не сака да акумулира готовина, како би избегнал плаќање на камати.

Според некои проценки, така Чуг ќе заштеди околу 2,5 милиони швајцарски франци годишно.

„Со оглед на тоа дека уште владеат ниски каматни стапки и за да мораме да плаќаме негативна камата, Кантонот нема причина да ги поттикнува даночните обврзници на итно плаќање на данок. Во интерес ни е обврзниците да плаќаат што подоцна-како би имале помали трошоци“, се наведува во соопштението на Кантонот Чуг.

Оваа несекојдневна молба би можела да се примени и во другите кантони, а се е последица на одлуката на централната швајцарска банка која во 2014 година воведе негативна каматна стапка како би ја намалила побарувачката за сопствената валута, бидејќи процениле дека пресилниот курс и штети на економијата.

Поврзани вести

Back to top button