Мистерии
Вицепремиерот Фетаи и албанскиот амбасадор положија цвеќе пред споменикот во Слупчане, дали на ова ќе рагира најголемиот србофоб Љубчо Георгиевски
Албанскиот амбасадор во Македонија и вицепремиерот за добро владеење на Владата на РМ, Арбен Фетаи положија цвеќиња пред споменикот на УЧК во Слупчане.
Видеото е објавено на социјалните мрежи. Интересно е тоа што нема реакција од Љубчо Георгиевски, кој беше премиер во 2001 година, баш за врема на конфликтот со УЧК.
Георгиевски не пропушта прилика да ги обвини Србите, но затоа секогаш премолчува, вакви прослави, тепање на македонските деца, нападите врз православните храмови, дивеењето по аеродроми и слично. Зошто е тоа така, дали поради неговата србофобија која за жал добива патолошки рамери, или се работи за бизнис интереси, бидејќи долго години, беше во коалиција со наследниците на УЧК, ДИУ, тој најдобро знае.