Вирусот Жика за кој сеуште нема лек стигна во Европа!
Паника се прошири во Европа, се откри вирусот “Жика“. Тој е откриен кај 4 туристи кои патувале од Велика Британија во Јужна Америка, тројца Италијанци и двајца Шпанци. Овој вирус влијае на развојот на новородените деца, па затоа вознемиреноста се зголеми и во овие држави, иако на почетокот биле забележани случаи само во Латинска Америка.
Од здравствениот завод од Англија изјавиле дека вирусот го пренесуваат само комарци и дека неможе да се пренесе од личност на личност.
Лекот за оваа болест сеуште не е откриен, а станува збор за многу агресивен вирус кој спречува бебешкиот мозок да се развие во целост, заради тоа тие се раѓаат со аномалии на главата. Забележани се скоро 4000 случаи низ цела Латинска Америка од октомври кога е пронајден во Бразил.
Жените низ целиот свет заради тоа одлучиле да не брзаат со бременоста, додека не се открие точно како овој вирус настанува и дали постои лек за него. Научниците советуваат жените да почекаат до 2018 година.
-Додека не сфатиме што точно се случува, одложување на бременоста е најдобро решение. Се ова е ново за нас, бидејќи само пред неколку месеци го откривме вирусот Жика – изјавила Лаура Родригес, професор на факултетот за инфективни и тропски болести.