ЖивотЗдравјеСвет

Вирус што го убива ракот за првпат тестиран на луѓе и покажува одлични резултати

Медицината секој ден сè повеќе напредува, а тоа го покажуваат истражувањата на научниците кои постојано доаѓаат до нови откритија. Овојпат добри вести доаѓаат од Велика Британија, каде што научниците дојдоа до неверојатно откритие – вирус кој во иднина би можел да лекува рак.

Новиот тип на терапија, кој користи вирус чија цел е да ги уништи клетките на ракот, покажа позитивни резултати во првите тестирања на луѓе, потврдија научниците. Кај еден пациент ракот целосно исчезнал, додека кај други се намалил. Лекот што се користи е всушност ослабена форма на вирусот на херпес симплекс модифициран да убива тумори, јавува BBC.

Резултати кои даваат надеж

Кжиштоф Војковски, 39-годишен градежен работник, е еден од пациентите кои учествуваа во првата фаза од тестирањето. Тој објаснува дека во 2017 година му бил дијагностициран рак на плунковните жлезди и покрај операцијата и другите третмани на кои бил подложен, неговиот рак не се намалил, туку продолжил да расте.

„Лекарите ми рекоа дека нема повеќе опции за мене, дека нема решение. Ме советуваа да се откажам, но за мене тоа беше поразително. Ниту една секунда не размислував кога ме поканија да се приклучам на истражувањето Немав што повеќе да направам да изгубам“, изјави Војковски, кој доби одлична вест по краткото лекување – неговиот рак го нема.

„Примав инјекции на секои две недели во период од пет недели кои целосно ми го искорени ракот. Сега веќе две години сум без рак“, додава тој.

Уништување на канцерогените клетки со инјекции

Инјекциите кои се вбризгуваат директно во туморот го напаѓаат ракот на два начина – со инвазија на канцерогените клетки, што предизвикува нивно распаѓање и со активирање на имунолошкиот систем. Во споменатото истражување учествувале околу 40 пациенти, некои ја примиле самата вирусна инјекција, додека други добиле друг лек против рак наречен Ниволумаб.

Авторот и раководител на студијата, професорот Кевин Харингтон од Универзитетот во Лондон, изјави за BBC дека одговорот на телото на терапијата е „навистина импресивен“ во различни фази на рак, без разлика дали е тоа почетна форма или веќе напреднат.

Поврзани вести

Back to top button