ВИДЕО: Жестоката борба на мајката со киднаперот на нејзината ќерка
7-годишно девојче се враќала со својата мајка од училиште во округот Нејху на Тајван, кога 33-годишен маж идентификуван од тамошните власти како Џоу, се обиде да го киднапира девојчето.
Тој започна да го влече за торбата, а мајката со натприродна сила, борејќи се со киднаперот, успеа да го оттргне девојчето од рацете на киднаперот.
На снимката која што ја објави полицијата, може да се види како Џоу чека пред ресторанот, а потоа се обидува да го киднапира девојчето. Сепак, очајната мајка реагираше и за среќа не дозволи девојчето да ѝ биде одземено.
Борбата траеше неколку моменти, а потоа на мајката ѝ помогнаа неколку лица од ресторанот кој го натераа човекот да го пушти девојчето. Тој потоа побегна, но полицијата набрзо му влегла во трага и го уапсила. Џоу на полицајците им рекол дека мислел дека станува збор за други луѓе, односно за мајка и ќерка кои што ги познава, но тешко дека некој ќе му поверува во тоа.
Мајката раскажала дека тој дури и се обидел да ја задави ќерка ѝ додека ја влечел и ѝ се заканувал дека ќе ја повреди со оружје. Истрагата е во тек, а напаѓачот бил испратен на медицинска проценка за да се утврди дали е ментално нормален.