Избор на уредникотМакедонијаТоп

(ВИДЕО) Водачот на групата од Грчец на плажа со Лионел Меси, лица од институции, судови и обвинителства оддавале информации на припадници од групата Грчец

Меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица за кои Телма го дозна нивниот идентитет. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија, подолго време е надвор од Македонија.

Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Пред неколку години на Инстаграм сопругата на познатиот фудбалер на Барселона, Леонел Меси, постираше видео од забава на плажата. На видеото се гледа, како познатиот скопски наркобос седи до Меси на забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @queen.anto


На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција, непосредно пред формирањето на новата техничка влада, објави дека за 16 лица ќе бидат изготвени кривични пријави, а во моментот 7 од нив се уапсени, од кои 6 во државата и едно во Шпанија.

Полицијата претресла 20 локации, а групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година.

„Пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.

Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.

„Лицата организатори извршиле повеќе кривични дела, а се работи за неовластено производство дроги, убиства и обиди за убиства“, рече Спасовски.

Истовремено, набавиле 435 килограми кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија.

Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.

„Ќе се изненадите од имињата“ – Спасовски вели дека со криминалната група соработувале и лица од МВР, судови и обвинителства

Лица од институции, судови и обвинителства оддавале информации на криминалци. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека јавноста би се зачудила кога ќе дознае кој се’ соработувал со криминалците, откако објави дека се приведени седум од 16 лица коишто учествувале во меѓународна организирана криминална група со седиште во Македонија.

„Има инволвирани во многу институции – МВР, други агенции, министерства, судови, јавни обвинителства. Можеби ќе се зачудите во наредниот период, но еднаш мора да излезе кои се тие кои во одреден моментот самите викаа: ‘држете го крадецот, а во суштина биле истите’“, рече Спасовски.

Понатаму додаде дека истрагите и борбата против криминалот не е работа на позиција и опозиција.

Поврзани вести

Back to top button