Избор на уредникотМакедонија

ВИДЕО: Во политиката никогаш не треба да се каже никогаш, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за коалицијата со владеачката ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ би сакала да направи Влада со албанската опозиција, но не велат „НЕ“ на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Ова синоќа во емисијата „10 минути“ на ТВ21 го изјави пратеникот Бојан Стојаноски.

„Преферираме да коалицираме со албанската опозиција, но во политиката никогаш не треба да се каже никогаш“, изјави Бојан Стојаноски синоќа во „10 минути“ на ТВ21.

Не веруваат дека ќе дојдат до момент во кој партијата ќе биде приморана да гласа за Уставни измени со цел формирање на Влада.

„Ние ќе имаме доволен број на пратеници за никој да не мора ништо да не уценува. И ако дојде било кој со уцена ќе биде одбиен, ќе кажеме не на таквите уцени затоа што ВМРО-ДПМНЕ овојпат ќе биде партијата која поставува услови“, вели Стојаноски.

Поврзани вести

Back to top button