Свет

ВИДЕО: Убиен сириски новинар во Турција и противник на ИД

Сирискиот новинар и автор на документарни филмови непријателски настроени кон Исламската држава, Наџи Џерф, бил убиен во неделата во Турција, соопшти групата за која работел “Рака тивко умира”.

Пријателот на Џерф рекол дека тој требало да допатува во Париз оваа недела, откако заедно со своето семејство доби дозвола за азил во Франција.

Џерф е татко на две деца, бил убиен со пиштол со пригушувач, во Газијантреп, турски град на границата со Сирија, соопшти групата на својот Твитер.

“Рака тивко  умира” е група на новинари кои се занимаваат со злоупотреба на човековите права во Рака, град кој т.н Исламска држава го смета за своја престолнина во Сирија.

Поврзани вести

Back to top button