МакедонијаТоп
(ВИДЕО) Убиецот од Бардовци се изживувал врз пациентите во болницата, зошто одговорните не презеле ништо

Димитар Спасов од Неготино кој во 2012 година ја уби својата мајка, повторно изврши убиство овој пат во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, каде што и престојува. Спасов го усмртил цимерот со скршено стаклено шише.
Иако тој требало да биде во затворено оделение, мештаните тврдат дека Спасов често се движел слободно низ „Ѓорче Петров“, населбите „Геге“ Бардовци без полициски надзор. Тој и на социјалните мрежи отворено објавувал снимки со насилна содржина и дури се фотографирал во кафеани со алкохол.
Особено чудно е како тој имал толкава слобода и службите не презеле ништо иако тој на својот Фејсбук профил уште пред неколку години објавувал снимки на кои се гледа како врши терор врз други пациенти во болницата



