(ВИДЕО) Цело семејство мистериозно исчезнало
Четири лица од исто семејство, навидум сосема обични, исчезнаа пред 11 дена во западна Франција. Овој мистериозен случај многу потсетува на случајот со едно друго семејство кое беше убиено во 2011 година.
Францускиот суд во понеделникот соопшти дека двајца судии се задолжени за истрагата за исчезнувањето на семејството Троадек, мажот, жената и нивните две деца, 21 годишниот син и 18 годишната ќерка. Во налозите за истрагата се говори за „убиство“, „киднапери“ и за „незаконски заддржувања“, се додава во судот.
ТРАГИ ОД КРВ ВО КУЌАТА
„Налозите на полицијата и форензичарите овозможија да откриеме бројни траги на крв од кои дел се избришани. Замрзнувачот беше полн со храна“, се наведува во соопштението на судот.
Судот уште во неделата извести дека пронајдените траги крв припаѓаат на членовите на исчезнатото семејство.
„Засега не можеме точно да го утврдиме текот на настаните“, додаде тој.
ТАТКОТО ПАТЕЛ ОД ДЕПРЕСИЈА?
„Беше симпатичен, но тивок. Не зборуваше премногу за својот приватен живот и за своето семејство. Беше нормален, не приметив ништо необично“, изјави на полицијата колега од работа на исчезнатиот Паскал Троадек.
СЛИЧЕН СЛУЧАЈ 2011 ГОДИНА
Случајот осамна на насловните страни во повеќе весници а некои го споредуваат и со други случаи на исчезнати семејства, како што имало претходно на неколку километри од сегашниот немил настан, во 2011 година, за кој медиумите исто така опширно известувале.
Имено, таа 2011 година полицијата го пронајде телотот на Агнес Дупонт де Лигонес, и нејзините четири деца. И тоа семејство беше сосема обично. Телото на мајката и децата се пронајдени под терасата на нивниот дом во Нантсес, а телото на таткото не е пронајдено до ден денешен.