Свет

ВИДЕО: Српски пилот спаси 74 патници – Експлозијата го исфрлила телото на терористот

Српскиот пилот Владимир Водопивец (64) успеал безбедно да приземји патнички авион со 74 патници и членови на екипажот на аеродромот во Могадишу, откако експлозија разнела дел од трупот на авионот. Светските медиуми оценуваат дека пилотот направил нешто невозможно затоа што инцидентот минал без жртви.

AVION

Експлозијата, која се случила за време на летот, го оштетила десниот дел од трупот во близина на крилото.

– Половина час по полетувањето од аеродромот во Сомалија, на 3.300 метри надморска височина се слушна страшна експлозија. Патниците почнаа да викаат, а јас веднаш се вратив на аеродромот. За среќа, никој не е потешко повреден – раскажува Водопивец.

Пилотот им ја раскажал драмата на своите пријатели од Белград, а дека ситуацијата не била воопшто наивна сведочат и фотографиите од оштетениот авион.

Авионот на компанијата „Дало ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот само неколку минути по полетувањето на аеродромот Аден Аде во Могадишу.

Властите на областа Балад, околу 30 километри северно од Могадишу, објавија дека било најдено тело на маж за кој се верува дека бил исфрлен од авионот од притисокот во моментот на експлозијата, која направила дупка во трупот на авионот, пренесува Ројтерс.

Полицаец на аеродромот во сомалиската престолнина изјавил: „Телото на починатиот патник се транспортира кон Могадишу“, и додал дека станува збор за човек на возраст од 55 години.

Поврзани вести

Back to top button