(ВИДЕО) Срамно: Началник ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во врска со случајот од Јавното претпријатие „Државни патишта“ е доставен видеоматеријал од безбедносните камери на посочените наплатни станици на кои се гледа како полицискиот службеник ја покажува легитимацијата
Полицискиот началник А.М. (45) од Кочани доби кривина пријава поради злоупотреба на службената положба и овластувања откако во неколку наврати со неговото приватно возило поминал на наплатните станици „Кадрифаково“ и „Преод“ без да плати патарина покажувајќи ја службената легитимација.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во врска со случајот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ е доставен видеоматеријал од безбедносните камери на посочените наплатни станици на кои се гледа како полицискиот службеник ја покажува легитимацијата и ја поминува патарината без да плати.
„Пријавениот, вработен во МВР како началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип на 11 јули годинава во неколку наврати поминувајќи ги наплатните станици Кадрифаково и Преод со негово приватно возило на вработените во кабината им ја покажувал легитимацијата и ги поминувал наплатните станици“, информира МВР.
Покрај кривична пријава, од МВР најавуваат дека ќе се поведе и дисциплинска постапка, а во меѓувреме полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.