Uncategorized

Видео: Со солзи во очите раскажува како добил бакшиш од 700 долари

На добрината на луѓето никој не останува рамнодушен, посебно не оние луѓе кои имаат потешкотии во животот, а добиваат неочекувана помош од личности кои воопшто не ги познаваат.

бакшиш

Таков е случајот и со еден доставувач на пица кој отворено ги изразува своите емоции и благодарност низ солзи за црквата која решила да му помогне.

Џеф Луис е вработен во пицеријата „Gionino’s Pizzeria“ во Охајо, а неодамна бил прилично изненаден кога добил бакшиш од 700-ни долари за доставената храна од црквата „ Life Point Church“.

Пицеријата отвора во 12 часот, но црквата го замолила Џеф да дојде малку порано за да ги достави нарачаните пици. Кога пристигнал таму, го замолиле да се качи на бината, бил збунет и изненаден, но го исполнил барањето.

„Се случи неверојатна работа. Сите луѓе од црквата дојдоа и ми дадоа бакшиш во вредност од над 700-ни долари“ – објаснува Џеф.

„Ова за мене е навистина неверојатна работа, посебно затоа што ова е прилично тежок период за мене. Се борам да останам чист и да живеам нормален живот“ – додава тој.

Пасторот Кен Врајт решил парично да му помогне…

Џеф изненаден од добрината на луѓето кои воопшто не го познаваат, решил да објави видео со кое ќе ја изрази благодарноста.

 

Поврзани вести

Back to top button