ВИДЕО: Службите предупредуваат – Ако сте ја купиле оваа кукла на децата веднаш уништете ја
Германските власти ги замолија своите родители, кои на своите деца им ја купиле куклата која говори, да ја уништат поради страв од шпионажа.
Постои загриженост, дека софтверот внатре во куклата „Мојата пријателка Кајла“, е хакиран, што овозможува пристап до личните податоци.
Технологијата која овозможува на корисниците да разговараат со куклата, носи ризик од шпиунажа и може да ја загрози приватноста, соопштија од Федералната агенција.
Шефот на оваа организација, Џохен Хомен, изјави дека куклата Кајла е забранета во Германија, пренесува Скај Њуз.
„Овде се работи за заштита на најслабите членови на општестовто“, наведе тој.
Куклата има микрофон и нејзин софтвер кој овозможува да одговара на прашањата така што ќе пристапи на интернет.
Истражувачот Стефан Хесен ја предупреди агенцијата по увидот во играчката, која ја изработи американската компанија за играчки Genesis.
Тој наведе дека хакерите можат да го користат како блутут уред во играчката да слушаат што детето зборува, па дури и да разговараат со него.
Здружението на продавници на играчки во Велика Британија смета дека нема посебна причина за загриженост и узбуна.
Во декември Електронскиот информативен центар вложи жалба на куклата Кејла до Федералната трговска комисија во САД.