МакедонијаРелигија

Видео: Сестринството во Рајчица изработи прекрасни Божикни пештери, познати пејачи меѓу првите купувачи

Божик е време кога треба да се потсетиме најголемиот дар на Бога за целото човештво. Со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, Раичкото сестринство во манастирот Св. Георгиј, поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, изработи Божикни пештери со што одговори на големиот интерес на верниците за вакви празнични украси.

 

 

Меѓу првите кои купија Божикни пештери во Манастирот во Рајчица беа Даниел Кајмаковски и Димитар Андоновски. Тие  со нивните семејства се придружија на поголемата група деца од Охрид и Скопје, кои редовно доаѓаат да помагаат во манастирот, а сето тоа го овековечи во краток видео филм охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец.

 

 

На 6-ти јануари Бадникови поворки со пештерите изработени од сестринството во манастирот Рајчица, ќе ги обиколуваат улиците на Охрид и на голем број градови во Македонија.

 

 

Заинтересирани верници доколку сакаат да ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на: 078 383 772 за нарачка.

Поврзани вести

Back to top button