Свет

ВИДЕО: Се подготвува битка за „живот или смрт” на 1,5 милиони луѓе

Сојузничките трупи и Исламската држава се подготвуваат за големата битка околу стратешки клучната брана чие што би евентуано пукање би можело да резултира со излевање на 11 милијарди кубни метри вода кон ирачкиот град Мосул.

Инжинерите на една италијанска компанија кои што биле задолжени за поправка на брана неодамна работеа во Ирак, но експертите сметаат дека нивната работа би можела да биде залудна доколку дојде до катастрофа – минирање на браната. Се проценува дека од евентуалното пукање, 1,5 милијарди луѓе би биле загрозени, а според експертите, таква катастрофа би била слична на „експлозија на нуклеарна бомба“.

Во случај браната да пукне, односно да биде минирана од џихадистите, кон Мосул би се ослободила количина на вода колку што би имале 600 реки со големина на британска Темза. Кон Мосул би се упатил бран висок 15 метри, а водената маса би била еднаква на 4,4 милиони олимписки базени.

Инжинерите на италијанската компанија TREVI, 18 месеци работеле на зајакнување на конструкцијата на оштетената брана, но професорот од еден шведски универзитет, тврди дека мегаструктурата е осудена на пропаст, без оглед на тоа кој ја контролира.

После шест месеци планирање, италијанската компанија склопила 300 милиони долари вреден договор за реконструкција на опасната брана. Инжинерите ги чуваат околу 500-тина припадници на италијанската војска и курдските Пешмерга сили.

„Градежните работи само ја одложуваат неизбежната катастрофа. Прашање е на време кога ќе дојде до тоа. Тоа ќе биде полошо од фрлање на нуклеарна бомба на Ирак“, вели експертот за мосулската брана, Надир Ал-Ансари за Ал Џазеира.

Експертите велат дека рушењето на браната кај Мосул би била „хуманитарна катастрофа од епски размери“ која би можела да усмрти 1,5 милиони луѓе, предупреди американската амбасадорка во Обединетите нации, Саманта Пауер оваа година.

После состанокот со ирачкиот амбасадор во Обединетите нации – Мохамед Али Алхаким, Пауер ги повика сите земји членки на Обединетите нации да превземат итни чекори во спречувањето на потенцијалната катастрофа.

Браната на северот на Ирак е изградена на нестабилни темели кои што константно еродираат, а недостатокот на континуирано одржување откако браната падна во рацете на Исламската држава во 2014-та година, дополнително ја ослаби веќе ионака оштетената структура на браната.

Поврзани вести

Back to top button