ВИДЕО: Разоткриен е масивен, глобален педофилски прстен со преку 900 апсења, а менјстрим медиумите молчат за тоа!
Над 259 сексуално злоупотребени деца биле спасени откако “подземната” онлајн, глобална педофилска мрежа, позната како “Playpen” била откриена.
870 осомничени педофили биле уапсени низ целиот свет по две-годишната истрага, потврдуваат од ФБИ и европските власти.
Федерално биро за истраги (ФБИ) и Европол ги објавија апсењата во петокот, неколку дена откако судот го осуди Стивен Чејс (/Steven Chase), основачот на масивната мрежа за педофилија на 30 години затвор. Неговото апсење во 2014-та година било движечката сила за глобалната истрага во врска со корисниците на овој веб-сајт кој е исклучително достапен само за членовите кои плаќаат членарина.
Забележано е дека овој огромен напад врз педофилијата не успеал да помине преку режимот за цензура на американските медиуми па така мејнстрим медиумите молчат за ова. Ниту еден мејнстрим, корпоративен медиум во САД нема напишано за оваа приказна. Според извештај од страна на германскиот медиумски конгломерат, Дојче Веле:
“Playpen бил достапен на “Dark Web (/Deep Web)”, место каде што корисниците на ова “подземно” интернет ниво можат да се вклучат во нелегални активности со користење на софтвер на енкрипција и анонимност во обид да го сокријат својот идентитет. Тајната мрежа дозволува анонимни корисници да се вклучат на форумот на кој споделуваат фотографии и видео записи од сексуална злоупотреба врз деца.”
ФБИ искористиле малициозен софтвер за да го преземат Playpen веб-сајтот и да ги искористат податоците за време на инстаграта позната како ‘Operation Pacifier’, што на властите им овозможило да ги пронајдат и да ги идентификуваат корисниците на оваа грозоморна мрежа. Властите ја преземале контролата над мрежата и го управувале сајтот неколку недели хакирајќи и следејќи корисници на оваа педофилска мрежа со цел да ги фатат и уапсат, но ова технички ги прави и соучесници во детската порнографија (поради управувањето со сјатот за време на истрагата) што може да доведе до нови проблеми за многумина.
Додека сите оние кои се свесни за ова го поздравуваат апсењето на педофилите укажувајќи на одличната работа која ја извршиле, членови од “граѓански слободи” ја преиспитуваат законитоста и начинот на кој ФБИ се справил со случајот. Тие тврдат дека со еден, единствен налог за претрес не би требало да дозволи да се хакираат и да се пробијат илјадници персонални компјутери и покрај тоа што станува збор за корисници-педофили.
Вилсон (/Steven Wilson), директор на Европол/Европскиот центар за компјутерски криминал, истакна дека случајот демонстрирал како “law enforcement” може да се бори против криминалците кои се кријат зад онлајн енкрипции и анонимизирани програми.
“Ние треба да ги балансираме правата на жртвите наспроти “правото на приватност””, изјавил додавајќи “-Ако работиме според правните принципи од 19-ти век тогаш не сме во состојба ефикасно да се справиме со криминалот на највисоко ниво.”
Педофилијата помеѓу глобалната моќна елита е неконтролирана. Началникот на полицијата во Англија неодамна одлучи да истапи напред и храбро потврди дека поранешниот премиер на Англија, Sir Edward Heath, има силувано повеќе од десетина деца. Полицијата исто така истакна дека и други во рамките на владата помогнале во прикривање на приказната.
Во случајот на U.K. Inquiry, во Велика Британија историски долгата злоупотреба на илјадници деца од страна на политички поврзани елити, познати личности и политичари беше изведена на виделина само за потоа U.K. Inquiry да се распадне на парчиња под притисок од страна на моќниците од Обединетото Кралство.
Ова беше речиси дупликат-сценарио од САД од времето на прикривањето на прстенот на детска сексуална злоупотреба во која беа инволвирани Републиканците за време на администрацијата на Џорџ Буш. Откако ФБИ започна истрага, целата грозоморна ситуација се сведе буквално на лов на вештерки гонејќи ги децата-жртви и обвинувајќи ги за лажно сведочење. Ова ги исплаши останатите 70+ жртви кои го одрекоа своето сведоштво во врска со прстенот на педофилија. За оваа хорор ситуација, Американските медиуми не само што не напишаа ништо, туку масовно го затемнија скандалот па така повеќето Американци никогаш не ни слушнале за овој скандал кој доаѓа директно од Белата куќа.
Поранешниот американски спикер на Претставничкиот дом, Денис Хастерт (/Dennis Hastert), познат сериски педофил, никогаш не беше обвинет за неговите многубројни злосторства против деца, за кои ФБИ знаеше и имаше докази, подолго од една деценија.
За повеќе информации околу глобалните, меѓународни, педофилски прстени погледнете го видеото:
За повеќе информации околу глобалните, меѓународни, педофилски прстени погледнете го видеото:
Или посетете го следниот линк ТУКА.