Живот

Видео: Публиката на „Златна Бубамара“ занеме од пеењето на Игор Џамбазов

Цела публика со солзи во очите го следеше настапот на Игор Џамбазов синоќа на шоуто „Златна бубамара на популарноста“. Џамбазов ја воодушеви публиката кога, во стилот на големиот Френк Синатра, ја преработи и препеа на македонски јазик познатата песна „My way“.

Песни за својот живот,  за маките низ кои помина, за луѓето околу себе, за пријателите, беа само дел од неговиот репертоар…

Зборовите на Џамбазов ја трогнаа публиката, сите станаа на нозе и после тажниот молк, со громогласен аплауз го поздравија човекот кој е икона во нашето современо општество. Џамбазов вечерва доби награда „Златна бубамара за трајни вредности“.

Погледнете го настапот на Џамбазов, по кој веројатно и долго ќе се памети годинешното 19. издание на „Златна бубамара на популарноста“.

Поврзани вести

Back to top button