Свет

ВИДЕО: Поранешна манекенка војува против ИСИЛ

Хана Боман е поранешна манекенка од Канада која моментално војува во Сирија против ИСИЛ. Хана , која го добила прекарот Сонцето на тигар, и пристапи на женската полиција која војува во состав на курдските Народни одбранбени единици.

mane

Поранешната манекенка, која инаку е и мајка редовно објавува снимки од првата линија на фронтот, на кои може да се видат и потресни призори на деца во воената зона, а ова и е втора мисија во Сирија.

Хана која формално не поминала никаква воена обука решила да им се приклучи на курдските борци откако видела како изгледа пропаганда на ИСИЛ. Тогаш сфатила дека во Сирија би била покорисна од што во Канада.

-Сите терористи се кукавици, вели таа.

Поврзани вести

Back to top button