Свет

ВИДЕО: Полициски транспортер нагазува на мина

Девет турски полицајци и еден цивил се повредени во напад врз полициски оклопен транспортер за кој се верува дека е одговорна организацијата Работничка партија на Курдистан (ПКК), јавуваат агенциите. Објавена е и снимка од експлозијата, која детонирала на патот по кој минувал полицискиот конвој во турската провинција Мардин.

Од силната експлозија возилото било отфрлено во спротивната насока каде удрило во камион, а објавена е и снимка од огромниот кратер на патот што го направила силната бомба.

Нападот се случил во четвртокот на југоистокот на Турција, а повредените биле префрлени во локална болница, од каде биле набрзо пуштени. Турските власти за нападот ги обвинуваат Курдите и забранетата организација ПКК.

Поврзани вести

Back to top button