Свет

ВИДЕО: Полицијата штрајкува, бандите убиваат во змејата хорор

Во 30 градови во Бразил полицијата штрајкува и одбива да спроведува закон, а последиците од тоа безвластие се застрашувачки, објавија британски медиуми.

Според Дејли мејл, за три дена од почетокот на штрајкот на полицајците бројот на убиства Бразил е зголемен за неверојатни 650 отсто.

Најмалку 52 лица се убиени, а бандити уништуваат по улици со мачети и огнено оружје, ограбуваат продавници, палат автобуси и оставаат мртви тела зад себе.

Насилствата се најголеми во државата Есприто Санто каде немирите и злосторствата ги примораа властите да затворат болници и школи.

Во главниот град на таа држава, Викторија, стапката на убиства во 2015 година била два дневно, а во изминатите три дена се пријавени 17 убиства. На барање на локалните власти федерални војници се испратени за да патролираат на улиците. Вкупно се испратени илјада војници и 200 припадници на националната гарда.

Поврзани вести

Back to top button