Uncategorized

ВИДЕО: Победничкиот настап на Даниел Кајмакоски како Тина Тарнер

Даниел Кајмакоски е еден од учесниците во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, а пејачот синоќа го освои најголемиот број на гласови од жирито и од неговите колеги за неговата изведба на „Golden eye“ на Тина Тарнер, нумера од филм за Џејмс Бонд. Тој изгледаше непрепознатливо во улогата на славната музичка дива.

Победничкиот чек од 1000 евра, наменет за хуманитарна цел, ќе му го додели на 12-годишното момче Кики од Крушево, за чијaшто здравствена состојба не сакаше да открие повеќе детали. Кајмакоски на малиот Кики сака да му ја исполни желбата – да оди на море.

По успешните претставувања во првите две емисии на ТЛЗП како Џибони и Бруно Марс, и по синоќешниот триумф во улогата на Тина Тарнер, следната епизода Кајмакоски ќе се трансформира во Горан Бреговиќ.

Поврзани вести

Back to top button