ВИДЕО: Oваа е девојката која беше убиена од мигрант

Објавено: вторник, 26 јануари 2016 во 13:03
Spread the love

Девојка која што работела во бегалски центар на западот на Шведска им подлегнала на повредите откако со нож била избодена од барател на азил, соопштија шведските власти.

Полицијата тврди дека нападот се случил во центар за бегалци, а жртвата на нападот, 22-годишна Швеѓанка била префрлена во болница каде што им подлегнала на зададените повреди.

Полицијата одби да го соопшти идентитетот и националноста на напаѓачот, а откриено е дека се работи за младо лице на возраст од 14 до 17 години. Напаѓачот веднаш бил уапсен поради убиство.

„Ваквите случаеви зачестуваат. Имаме се повеќе инциденти како што е овој откако пристигна големиот број на бегалци во нашата земја“, изјави портпаролот на полицијата, Томас Фуксборг.

Националниот комесар на полицијата, Ден Елијасон побарал дополнителни 4 илјади полицајци во борбата против тероризмот, како и за депортација на мигрантите и полициско обезбедување на азилантите.

„Присилени сме да одговараме и реагираме на големиот број на инциденти во прифатилиштата за бегалците. Во некои случаеви тоа бара и големи полициски ресурси за да бидат решени проблемите. Тоа не се случуваше во претходните шест месеци и тоа значи дека нема да можеме ефикасно да одговориме во другите области“, изјави Елијасон за шведската новинска агенција „ТТ“.

Шведска прими повеќе од 160 илјади баратели на азил во 2015-та година. Оваа земја ги заостри своите прописи за азил со цел да се справи со големиот прилив на мигранти.