ВИДЕО: Oва место е ндеопирливо засолниште за џихадистите
Токму тука се кријат џихадистите бидејќи сметаат дека никој дури ни американските и руските сили нема да сакаат да ја срамнат со земја браната бидејќи би имало несогледливи последици.
Браната е долга околу 4.5 километри и висока е околу 183 метри. Се верува дека терористите внатре во браната ги држат заложниците, а Табак им служи како бункер отпорен на бомби. Во тој бункер засолниште нашле многу високо позиционирани команданти на џихадистите.
„Доколку браната пукне, значааен дел од Ирак би бил под вода и не би имало струја на истокот на Сирија“, рече инжињерот Аријел Ахрам. Тоа би била еколошка катастрофа за Ирак и хуманитарна за Сирија, вели тој.
Табак се наоѓа на околу 40 километри од Рака, престолнината на Исламската држава. Ја чуваат добро вооружени борци, а не е дозволен пристап на никој освен на милитантите.
Иначе, браната е изградена во 1970 година со руска помош и го контролира текот на реката Еуфрат. Изградената брана создаде езеро долго околу 80 километри кое претставува најголем резервар за вода во Сирија.