Свет

ВИДЕО: Ова е најбрутална банда во светската историја – 100.000 членови се борат да бидат први во светот по убиства

Извештаите од 2015. година покажуваат дека бандата е толку моќна што раководи со речиси сите затвори во околината.

Мара Салватруча – “MS-13”, важи за најопасна банда во светот. Позната е по бруталните убиства, силувањата, трговијата со дрога и бруталните одмазди.

Нивните членови може да се препознаат по специфичните тетоважи, како и по знаковниот јазик. Од нив се очекува да останат лојални на бандата, а во спротивно може да платат многу висока цена. Предавниците се казнуваат со сечење на рака или нога, но и со убиство, пренесува Mirror.

Познат е еден случај кога трудница, која била дел од бандата, а која издавала информации на владата, била избодена дури 16 пати.

mafijas2

“MS-13” сака да биде позната како банда број еден во светот според бројот на убиства. Потекло води од Калифорнија.

Меѓутоа, бандата се проширила низ речиси сите држави во САД, како и Мексико, Канада, Јужна Америка, Централна Америка.

Постои сомнение дека оваа банда, која брои 100.000 членови ширум светот, сега пристигнала и во Австралија.

Нивниот симбол наводно може да се види во Сиднеј, што предизвикало паника меѓу населението. Иако е бандата од Лос Анџелес, се смета дека корени влече од Ел Салвадор.

Извештаите во 2015. година покажуваат дека бандата е толку моќна, што раководи со речиси сите затвори во околината.

Името “Мара Салватруча” потекнува од зборот Мара – што е централноамериканско име за банда, салва – што значи Ел Салвадор, и труча – што значи грло. Бројот 13 го означува местото кое буквата М го зазема во алфабетот.

Едно од нивните најпознати злосторства е напад во Хондурас во 2004. година, кога изрешетале автобус со автоматски пушки.

Тој напад се случил два дена пред Божиќ, а тогаш убиле 28 цивили, најмногу жени и деца.

Поврзани вести

Back to top button