Видео: Откако ја избодеа со нож среде меч Моника Селеш откри тајна која ја криеше 23 години
Еден момент целосно го сменил целиот живот… До тој кобен ден во 1993 година Моника Селеш беше најдобра тенисерка на светот. А она еден гест на лудак ја запрел оваа девојка родена во Нови Сад.
Играла во четврт финалето на турнирот во Хамбург и се изгледаше сосема нормални. А тогаш Германецот Гантер Пархе рипна од трибините и ја рани Моника со нож. Од убодот во грбот никогаш не се закрепна. Раната зараснала но психичките лузни останале засекогаш.
Моника неодамна открила уште една тајна.
-Долго ова го чував за себе, но нападот со нож ми остави и една сосема невообичаена последица за мене. Од стравовите и фобијата јас повеќе не можев да го контролирам апетитот. Тоа траеше со години. Ми беше срам да прифатам нешто што не можев да го држам под контрола. Ќе изедев огромни количества храна во краток период и тоа тогаш лошо влијаеше на мојата физичка кондиција и не можев да тренирам – изјавила Моника за еден американски магазин.
Нејзиниот напаѓач по овој гест никогаш не бил во затвор, утврдено е дека имал психички проблеми и одлежал само две години во специјална установа.