Свет

ВИДЕО: Од нив се плаши и Трамп – Најстрашната улична банда со мото „Убиј, силувај, контролирај“

Уште една од низата на брутални убиства, на уличните банди MS-13 го сврте вниманието на американската јавност на своите активности. Последниот злочин се припишува на членовите на оваа банда сторен во понеделникот во њујоркшкиот кварт Лонг Ајленд, каде се пронајдени тела на четири машки лица, од кои три беа тинејџери.

Претседателот Доналд Трамп бандата јавно ја прогласи за „лоша“, а главниот државен обвинител и министер за правосудство Џеф Сешенс се заклона дека ќе ја уништи“, притоа и двајцата за нејзиниот успон во американските градови ја обвинија политиката на Барак Обама, кон мигрантите.

Бандата настана одамна пред администрацијата на Обама, уште за време на мандатот на Роналд Реган во 80-те години од минатиот век. Основана е во мигрантските квартови од источен Лос Анџелес, MS-13 корените ги влече од Ел Салвадор од кој многу луѓе избегале поради крвавата граѓанска војна. Освен Салвадорци, припадниците на бандата доаѓаат уште од некои средноамерикански држави како Хондурас, Гватемала и Мексико.

Нивното име MS-13 е комбинација на збор Мара (банда), Салва (за Салвадор) и труча што на BBC грубо ја превеле како „улична снаодливост“, додека 13 означува реден број на буквата М во абецедата. Репутацијата на исклучително опасна и насилна група ја заработија со убиствата со мачета, силувањата и мачењата на разни лица кои ќе им застанале на пат. Иако се основани во квартовите на Лос Анџелес, каде доминирале мексиканските банди, МS -13 порасна и се прошири во уште 46 сојузни држави во САД, според проценките на ФБИ.

Но, кој се всушност членовите на MS-13 и дали за нивниот успон и продолжување баш е одговорен Обама, истражуваше BBC.

MS-13 своите членови на регрутација воглавно од редовите на тинејџерите од сиромашни семејства (по установен образец на улични банди), а за да некој стане член мора да издржи брутално претепување во „симболично“ траење од 13 секудни и да стори некои злочин, обично убиство, кое неговата банда ќе го побара.

Ако влезот е тежок, излезот од бандата е речиси невозможен. Големите тетоважи преку градите, неретко и главите, ги обележуваат членовите до крајот на животот, а некои фракции на бандата со уважени со убиство на припадниците кои би се обиделе да побегнат од тој живот.

Поради забрзаното ширење, властите во САД во 2012 година ја прогласија за меѓународна криминална организација, со што станаа првата група на улична банда на која и е укажана „чест“ да се најде во исто друштво со многу криминални организации, како што се јапонските јакузи од Јамагучи-гуми организациите, италијанската мафија Камора или мексиканските наркокартели CJNG и Лос Зетес.

Но, нивниот број сеуште е голем во државите во Средна Америка, особено Ел Салвадор, наведува ФБИ. Имено со толкуте опсежни полициски акции во 90-те години од минатиот век, биле протерани од САД во државите од кои и дошле и основале своеврсни подружници. Според проценките на американските безбедносни служби во Средна Америка денеска има 60.000 припадници на MS-13, пренесува BBC.

Иако ги има многу, се чини дека не ги заработуваат износите кои би можеле да им конкурираат на мултимилионските профитни наркокартели – полицијата проценува дека огранокот MS-13 во Ел Салвадор годишно заработува нешто преку 28 милиони евра, воглавно низ рекет и дилаање на дрога.

Уште во 2008 година ФБИ процени дека MS-13 само во САД ги има меѓу 6000 и 10,000 членови, со што стануваат една од најголемите криминални групи во државата.

Освен тие убиства, истиот месец во Хјустон членовите на бандата киднапирале три тинејџерки кои потоа ги силувале, а една ја усмртиле со куршум во глава и потоа го оставиле нејзиното тело покрај патот.

Тоа што ги издвојува од другите банди, освен бројноста и раширеноста, е нивната склоност на насилие, како што веќе е речено претходно. Така со нив се поврзуваат убиствата на две тинејџерки во Њујорк оваа година, кои се претепани со безбол палки и искасапени со мачети, наводно поради некои „помали“ спорови.

Иако администрацијата на Трамп за развојот на MS-13 го обвинува Обама, ФБИ уште во 1994 година ја означи како закана за безбедноста а веќе тогаш се формирани посебни единици задолжени за фаќање, процесуирање и протерување на членовите на бандата. За жал очигледно не биле претерано успешни.

Двоецот од МS-13 е обвинет за овој гнасен злочин на првото појавување на судот низ смеа мафтал пред камерите, не покажувајќи ни тронка каење. Кога ќе се земе во предвид нивното мото кое според ФБИ е „убиј, силувај, контролирај“, евидентно е дека сите такви злочини за нив се дел од секојдневието, пренесува BBC.

Поврзани вести

Back to top button