Македонија
Видео од масовната тепачка во битолски „Расчекор’
По црковната богослужба за Велигден, во познатиот битолски ноќен-клуб „Расчекор’ се случи масовна тепачка, по што им беше одреден осумдневен притвор е определен за петмина битолчани на возраст од 21 до 36 години.
Околу 2 часот по полноќ, поголема група луѓе во клубот фрлале со шипки, шишиња и стаклени чаши, со што предизвикале страв и паника кај присутните, при што дошло до вистинско стампедо кога гостите го напуштале објектот.
И обезбедувањето во ноќниот клуб „Расчекор“ било нападнато со клоци, тупаници, шишиња, чаши, палки, при обид да ја спречи групата во дивеењето и демолирањето на ноќниот клуб.
Ситуацијата се смирила по доаѓањето на полицијата, која го испразнила објектот и ги привела насилниците.